Поврзете се со нас

АТП

Јотовски не успеа да направи пресврт на првиот меч на турнирот во Белград

Објавено

на

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски загуби на првиот меч на шампионатот на Источна Европа, кој денеска започна во српската престолнина Белград.

Нашиот единствен претставник на овој силен турнир, денеска за противник го имаше домашниот тенисер Никола Чачиќ, а Србинот славеше со 2:1 во сетови.

Чачиќ започна подобро, го доби првиот сет со 6:1, но Јотовски го подигна нивото и во вториот сет заслужено стигна до израмнување, добивајќи го сетот со 6:4.

Петтиот сет донесе неколку брејка во серија, Јотовски во четвртиот гејм ја неутрализираше негативата, но следеше уште еден брејк на Чачиќ, кој потоа направи серија за финални 6:2 во решавачкиот сет.

Јотовски е во група со уште двајца српски тенисери, а утре противник ќе му биде подобро рангираниот Дарко Јандриќ. Мечот нема да започне пред 14 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни