Јотовски не успеа да го скокне првото коло во Пореч

tomislav-jotovski

Македонскиот тенисер, Томислав Јотовски успешно ги одработи квалификациите на фјучерсот во Пореч (Хрватска), но веќе во првата рунда во главната фаза доживеа елиминација и тоа од италијанскиот рекет Јулијан Оклепо.

Оклепо славеше на теренот број два со 2-0 во сетови со 6-1 и 6-4 по еден ипол час игра. Првиот сет мина во целосна доминација на Италијанецот, додека пак во вториот Томи пружи далеку поголем отпор, искористи две од трите брејк топки, но на крајот фаворитот успеа да ја доврши својата задача и да се пласира во следната рунда.

Пораз пак во игра на двојки претрпеа Горазд Србљак и Калин Ивановски и тоа од аргентинско-италијанската комбинација Хуан Пабло Паз и Едоардо Еремин со 2-0 во сетови со 6-4 и 6-2.

Facebook Коментари