Јотовски не го мина последното квалификациско коло во Анталија

tomi

Македонскиот рекет, Томислав Јотовски доживеа пораз од Леонардо Лопез Линкет (Аргентина) во третото и последно квалификациско коло на фјучерсот во Анталија (Турција).

Јотовски во претходните две рунди беше подобар од Калин Ивановски и Лин Макс Кемпен, ама денеска немаше решение за јужноамериканецот Линкет кој славеше со 2-0 во сетови. Во првиот Аргентинецот беше сигурен и го реши со 6-3, додека пак вториот донесе далеку поголема борба, неизвесност и се играше тај-брејк кој со 7-2 го реши Лопез за славје и пласман во главната жрепка на турнирот кој се игра на земјена подлога за награден фонд од 15.000 американски долари.

Facebook Коментари