Јотовски на чекор од главната фаза во Анталија

jotovski

Македонскиот тенисер, Томислав Јотовски кој денеска забележа пад од едно место на најновата АТП листа (1248) е на чекор од пласман во главната фаза на фјучерсот во Анталија.

Скопјанецот го мина и второто квалификациско коло (вчера го совлада Калин Ивановски со 2-0), односно го надигра Лин Макс Кемпен од Германија со 2-0 во сетови (6-4, 6-3) и утре ќе ја има последната битка против Леонардо Лопез Линкет (Аргентина) за да дојде до посакуваната цел, влез меѓу 32 најдобри на овој турнир што се игра на земјена подлога за награден фонд од 15.000 американски долари.

Facebook Коментари