Јотовски мораше принудно да застане во Бања Лука

jotovski

Најдобриот македонски рекет на АТП листата, Томислав Јотовски успешно и фуриозно го мина првото квалификациско коло на челинџер турнирот во Бања Лука, но денеска мораше принудно да го предаде дуелот со Ерик Крепалди од Италија.

Имено нашиот ас без борба му овозможи да Италијанецот да дојде до завршната рунда и дуелот со четвртиот носител Наѓ од Унгарија, а причината за тоа е настинка.

Инаку овој турнир во Босна и Херцеговина се игра на земјени терени, а вредноста на истиот е 43.000 евра.

Facebook Коментари