Јотовски и Мицов ги минаа квалификациите во Бургас

tomi

Македонскиот тенисери, Томислав Јотовски и Стефан Мицов ги минаа квалификациите на ИТФ фјучерсот во Бургас, Бугарија.

Во завршната битка за влез во главната фаза, Јотовски беше подобар од Русинот, Иван Михајлјук со 6-3 и 6-2, а пак Мицов го надигра Бенедикт Емеш од Австрија (6-3, 6-6). На последното квалификациско скалило пак застана, Иван Атанасов кој во три сета загуби од домашниот рекет Васил Димитров (5-7, 7-5, 6-2).

Ова значи дека нашата земја ќе има тројца тенисери во главниот дел, односно тука е Горазд Србљак кој ќе се соочи со Александар Донски (Бугарија), Мицов ќе разигрува со Петр Несторов (Бугарија), додека Томи ќе излезе на мегдан со Полјакот, Пиотр Гринковски.

Турнирот се игра на земјена подлога за награден фонд од 15.000 американски долари.

Facebook Коментари