Јотовски ќе тера само во двојки на турнирот во Табарка

tomi dvojki

Македонскиот тенисер, Томислав Јотовски доживеа елиминација во првото коло во поединечна конкуренција на ИТФ фјучерсот во Табарка, Тунис.

Скопјанецот не успеа да пронајде решение за норвешкиот квалификант Лукас Хелум Лиленген кој славеше со 2-0 во сетови по нешто повеќе од два часа игра. Првиот сет беше далеку повозбудлив и заврши со 7-5, додека пак во вториот Норвежанецот со 6-2 ја потврди победата на оваа пресметка.

Ова значи дека Томи ќе остане активен само во игра на двојки каде заедно со Дује Ајдуковиќ (Хрватска) се веќе во четвртфиналето каде ќе се соочат со аргентинската комбинација Франко Феит и Гуидо Иван Хусто.

Турнирот се игра на земјени терени и тоа за награден фонд од 15.000 американски долари.

Facebook Коментари