Јотовски го загуби маратонот со Кекез во Тунис

jotovski

Македонскиот тенисер, Томислав Јотовски претрпе пораз од Дује Кекез од Хрватска во второто коло на ИТФ фјучерсот во Хамамет (Тунис).

Томи како осми носител загуби од Кекез кој е 764 на АТП листата по 2 часа и 40 минути игра со 2-1 во сетови или по гејмови 6-3, 4-6, и 4-6. Оваа комбинација Јотовски-Кекез ќе соработува во игра на двојки каде во првото коло треба да се соочат со Александер Мерино (Перу) и Кристоф Негриту (Германија).

Турнирот се игра на земја за награден фонд од 15.ооо американски долари.

Facebook Коментари