Јотовски без загубен сет до полуфинале во Хамамет

tomi udar

Македонскиот тениски ас, Томислав Јотовски без загубен сет дојде до полуфиналето на првиот негов тутнир во 2018 година  во Хамамет, Тунис.

Јотовски кој е осми носител на овој фјучерс во првите две рунди реши двајца домашни тенисери, а пак попладнево со 7-6 и 6-1 го затвори мечот против Шпанецот, Серхи Перез Контри.

Дуелот донесе голема борба, беа потребни два часа и 11 минути за победа која на Томи му донесе дуел со вториот носител Џереми Јан (Германија) кој 352 на АТП листата.

Турнирот се игра на земјени терени за вредност од 15.000 американски долари.

Facebook Коментари