Поврзете се со нас

СЕХА лига

Јотиќ: Знаеме се за Веспрем, ќе решава…

Објавено

на

Екипата на Вардар утре ќе има шанса да освои, донесе нов трофеј во своите витрини, но за да се случи тоа ќе мора да слави над Веспрем во финалето на СЕХА лигата.

Средбата се игра од 20:30 часот во Задар, фаворитската улога на хартија ќе ја има Веспрем, ама „црвено-црните“ имаат намера да дадат се од себе и се обидат да обезбедат нова радост за големата армија на навивачи на клубот.

-Верувам дека одбраната ќе биде клучна за утрешниот меч. Одбраната и голманите. Знаеме се за Веспрем и сигурен сум дека детали ќе одлучуваат. Ќе се подготвиме најдобро што можеме и ќе видиме каде тоа ќе не донесе, -истакна Ловро Јотиќ.

Тренерот Стевче Алушовски исто најави дека тие нема да излезат со „бело знаме“ иако Веспрем важи за голем фаворит.

-Веспрем без сомнeж е голем фаворити во овој меч. Ќе сториме сè за да се подготвиме најдобро што можеме. Сепак, дефинитивно нема да излеземе со „бело знаме“, ќе се обидеме да сториме што можеме за да ги шокираме. Верувам дека пред нас е уште еден тежок натпревар помеѓу Вардар и Веспрем ,-рече предводникот на вардарци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни