Поврзете се со нас

Македонија

Јотиќ: Имам голема почит кон Македонците, имаме многу работа, но…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hcohrid/ohridnews.com

Бекот од Хрватска, Ловро Јотиќ повторно ќе игра во Македонија и тоа во редовите на прволигашот ГРК Охрид.

Ова за Јотиќ ќе биде трет македонски клуб во кариерата, поточно по Еурофарм Пелистер и Вардар доаѓа во таборот на амбициозните „гладијатори“ со кои се обврза на соработка до 2026 година.

-Среќен сум и задоволен што конечно пристигнав во Охрид. Бев примен од играчите и раководството на најдобар можен начин. Трет пат доаѓам во Македонија и затоа имам голема почит кон Македонците. Каде и да сум бил! Ме чека првиот тренинг со тимот и треба полека да се вклопам во тимот. Имаме многу работа, но мислам дека можеме да очекуваме добра сезона. Не сакам да давам големи најави, но ќе работиме да бидеме подобри од натпревар во натпревар и на крајот ќе видиме до каде сме и што направивме, -порача Јотиќ.

Задоволен од ангажманот на средниот бек е и тренерот Стефче Алушовски.

-Ја продолжуваме соработката воспоставена во Пелистер и Вардар. Добро ги познавам квалитетите на Јотиќ кој очекувам брзо да се вклопи во екипата. Тој е одличена личност со извонредни човечки квалитети, -изјави Алушовски.

Охрид има совршен старт на сезоната во Суперлигата, поточно има четири од четири и заедно со Алкалоид е на врвот на табелата.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни