Поврзете се со нас

Англија

Јорк со трансфер совет до Јунајтед: Спасете го вундеркиндот на Реал

Објавено

на

Foto:instagram.com/officialdwightyorke19

Двајт Јорк е убедливо најдобриот и најпознатиот играч од Тринидан и Тобаго, но за европската јавност најпопуларен беше додека настапуваше за Манчестер Јунајтед.

Јорк ги полнеше противничките мрежи како центарфор на „црвените ѓаволи“ и четири години беше дел од тимот на Сер Алекс Фергусон, а сега во ситуација кога ужива голем респект во Англија, си дава за право да дава и трансфер совети до новата управа на клубот.

Сир Џим Ретклиф најави големи промени во Манчестер Јунајтед и порача дека ќе му требаат три летни преодни рока за да го среди хаосот, но Јорк смета дека треба да почне со реновирање такашто ќе носи млади и талентирани фудбалери.

Поранешниот напаѓач посебно го пикирал младиот турски репрезентативец Арда Гулер, за кого смета дека мора да добие шанса во тим во кој ќе го прикаже сиот фудбалски потенцијал кој го поседува.

– Арда Гулер е вундеркинд за кого се зборуваше во последната година, а сите видовме каков гол постигна за Турција на Европското првенство. Тој ги „запали“ страстите на Европското првенство и мислам дека многу големи клубови ќе сакаат да го спасат од клупата која ја грее во Реал Мадрид.

– Имаме добри случаи од минатото кои покажале дека големи светски ѕвезди напуштаат голем клуб за да си ги спасат кариерите. Такви се случаите со Де Брујне и Салах, зошто Гулер не би го заменил Реал со Јунајтед? Потребно е да добива шанса секоја недела, сигурен сум дека Гулер ќе стане светска класа. Навивам Јунајтед да тргне по неговиот потпис, – вели Јорк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни