Поврзете се со нас

Англија

Јорк има замена за Салах во Ливерпул: Нема причина зошто тоа да не се случи

Објавено

на

foto:x.com/chirichampions

Мохамед Салах е една од трите ѕвезди на Ливерпул која останува без договор до крајот на оваа сезона и ако се суди по неговите изјави тој е најблиску до заминување од „Енфилд Роуд“ од оваа група во која се уште Вирџил Ван Дајк и Трент Александер Арнолд.

На актуелниот лидер во Премиер лигата нема да му биде воопшто лесно да го замени Салах затоа што со години е клучен играч, ас кој беше дел од најзначајните играчи за успесите во најновата историја на составот од „Енфилд Роуд“.

Двајт Јорк како играч кој добро ја познава Англија има едно интересно решение, потег кој сигурно Ливерпул би го чинел многу пари, но тој смета дека Кол Палмер од Челси би бил адекватна замена за африкаенцот.

-Мислам дека не би барал да го напушти Челси ако игра сезона надвор од Лигата на шампионите. Сè уште е многу млад, отиде таму, ја сврте кариерата и стана топ играч. Зошто би си заминал од тоа да бидеш во клуб и да бидеш клучен човек во исто време? Каде ќе оди и ќе стане врвен играч и врвен човек?

-Ливерпул? Добро, можеби Манчестер Јунајтед, тој рече дека е навивач на Манчестер Јунајтед, но нема да оди таму затоа што е човек на Сити. Надвор од него е Арсенал, таму нема да оди  затоа што е Сака. Ливерпул може да биде опција ако Мо Салах замине, па тоа може да биде нешто што тие би сакале да го направат. Значи, погледнете го просторот ако Салах си замине. Нема причина зошто тоа да не се случи ако Салах си замине, -коментира Јорк.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни