Поврзете се со нас

Англија

Јорк: Халанд немаше да биде стартер во екипата на Јунајтед која освои три трофеи

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити може да освои три трофеи сезонава, а комплетирањето на „триплетата“ зависи од исходот на денешното финале на Лигата на шампионите против Интер.

Ако им успее тоа на фудбалерите на Пеп Гвардиола, тоа значи дека Сити ќе го повтори историскиот успех на градскиот ривал Манчестер Јунајтед од 1999 година.

„Црвените ѓаволи“ предводени од Алекс Фергусон во својот состав имаа многу квалитетни играчи, а напаѓачот Двајт Јорк е убеден дека Ерлинг Халанд не би можел да игра во таа екипа.

– Луѓето се обидуваат да ги споредат двете екипи, а мислам дека ние бевме физички посилни и имавме поквалитетен тим.

– Не можете да ми кажете дека тие имаат подобри играчи од Пол Сколс и Рој Кин, можеби за Кевин де Брујне ќе се најдеше место во нашиот среден ред.

– Од друга страна, ниту еден дефанзивец не сакаше да се соочи со играч како Гигс, а сетете се на нафрлувањата и додавањата на Бекам. Факт е дека Халанд е уникатен, но со начинот и формацијата која игравме, не гледам како тој би влегол во тој тим. Ние имавме добра комбинација составена од мене и Енди Кол. Не велам дека она што го прави Халанд не е сензационално, но ако можам да бирам, повторно би го избрал Кол како партнер.

– Исто така би вложил пари на Јап Стам и начинот на кој би излегол на крај со Халанд, а веднаш зад него го имавме феноменалниот Петер Шмајхел. Му посакувам се најдобро на Сити, но тие вечерва не можат да направат историја, ние секогаш ќе бидеме прв англиски тим со три трофеи, – изјавил Јорк.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни