Поврзете се со нас

Англија

Јорк е убеден: Клоп повторно ќе биде тренер на Ливерпул

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп си заминува од Ливерпул на крајот на оваа сезона со што се заокружува една успешна ера на германскиот стратег на „Енфилд Роуд“.

Тој има активен договор со „црвените“, но пред некое време одлучи дека е време да се повлече, поточно дека му е потребен одмор, време за себе и неговото семејство по исцрпувачките години на кормилото на англискиот великан.

Клоп веќе го поврзуваат со одредени клубови, селекции, ама повеќе од јасно е дека ќе помине време пред тој дасе впушти во некој нов предвизик, а интересен став околу стратегот има некогашниот член на Астон Вила и Манчестер Јунајтед, Двајт Јорк кој е убеден дека истиот ќе се врати во Ливерпул за годинина или две.

-Дали ова е негова последна сезона како тренер на Ливерпул? Не, според мое мислење. Сакам да дадам смела изјава, но нема да го направам тоа на националната телевизија. Мислам дека тој ќе се врати во Ливерпул, можеби за една или нешто повеќе, две години.

-Едноставно имам подмолно чувство дека тоа ќе го направи. Нема да одам толку далеку што кажувам внатрешни информации. Чувствувам дека кога ќе го погледнете квалитетот на менаџерите таму, нема премногу квалитетни менаџери, -истакна Јорк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни