Поврзете се со нас

Европски првенства

Јончевски: Сакавме и успеавме сами да си ја завршиме работата

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација оствари уште една убедлива победа над Норвешка и со тоа го потврди пласманот во квалификациите за ЕП 2025.

Избраниците на селекторот Александар Јончевски не дозволија втор пораз во серија на гостински терен, а со тоа е потврдено првото место во групата.

По средбата во Осло, Јончевски го коментирал триумфот над скандинавската селекција, но и пласманот во квалификациите.

– Морам да напоменам дека нашиот состанок пред овој меч почна додека Данска водеше со шест поени. Но реков дека тоа нас воопшто нас не нè интересира. Дека сакаме самите да си ја завршиме работата. Сакавме да ја повториме онаа наша добра игра против Норвешка во Гевгелија.

– И не, никако не бевме обесхрабрени по неуспехот пред некоја вечер во Левице. Пред се, затоа што сепак и против Словачка имавме добра игра, игравме со доста енергија во нападот, креиравме доста отворени шутеви, кои за жал не ги погодивме. Од друга страна, тие погодија доста потешки обиди за три поени и затоа победија.

– Затоа пак мотивацијата на сите нас овде во Осло, беше на ниво, без оглед на тоа што притисокот дополнително се зголеми со драматичната победа на Словачка во Данска. Секако, одговоривме на поставените задачи, посебно во одбрана, би се рекло, и скоро идентично, повторено издание како пред некој месец во Гевгелија“, – изјави Јончевски за официјалната интернет страница на КФСМ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни