Поврзете се со нас

Репрезентација

Јончевски: Првиот натпревар со Литванија ќе покаже дали сме подготвени за ЕП

Објавено

на

Фото: kfsm.mk

Александар Јончевски рано утрово го скрати списокот и ги избра 16-те кошаркари на кои ќе смета за двата натпревари против Литванија, од кои оној во Скопје треба да претставува вистински тест за оваа наша селекција.

Селекторот е свесен дека Македонија ќе мора да добие еден до двата претсојни меча со истиот ривал доколку сака да се најде на Европското првенство, а со оглед на поддршката која се очекува од трибините, Јончевски смета дека тоа е мечот кој се игра за три дена.

– Ова се најважните два натпревари во овој квалификациски циклус. Ситуацијата е таква што мораме да победиме на барем еден меч за да ги задржиме шансите за пласман на Европското првенство. Литванија е фаворит, јасно е дека се работи за една од највалитетните европски репрезентации. Верувам дека мечот во Скопје ќе биде показател дали сме подготвени за Европското првенство, – изјави селекторот Јончевски денеска.

Балтичката репрезентација претрпе еден пораз од Естонија во овие квалификации како апсолутен фаворит во групата, па тоа само ја отежнува нашата ситуација со оглед на тоа што Литванците мора да бркаат победа на двата меча.

– Во моментов не можеме да се пофалиме со настапите на нашите репрезентативци, а во Скопје нема да играат Хап, Шортс и Димитријевиќ. Располагаме со кошаркари кои настапуваат во домашното првенство и во регионалната АБА 2, но и таму не забележаа поголем успех оваа сезона. Ќе се обидеме да ги изненадиме Литванците на тактички план и верувам дека ќе успееме на овие два меча да забележиме барем една победа. Притисокот е на страната на Литванците бидејќи и тие непланирано загубија еден натпревар, од Естонија. Поради тоа, картите им се отворени и ќе одат со сите сили да победат на двата меча против нас, затоа што не се сеќавам дека Литванија не била присутна на некое од последните Европски првенства, – дополни селекторот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни