Репрезентација
Јончевски: Притисокот беше на наша страна, публиката беше жестока и не однесе до победата

Македонската кошаркарска репрезентација по една вистинска драма успеа да слави над Данска со 74-71 во претквалификациите за Европското првенство кое е закажано за 2025 година.
Голема борба се водеше во салата „26 април“ во Гевгелија, беа потребни дополнителни пет минути да се добие победникот или во случајот тоа беше нашиот тим кој со ова остана на 100 процентен учинок, односно „четири од четири“.
Селекторот Александар Јончевски е задоволен од победата, а како клучни за истата ги издвои навивачите.
-Многу тежок натпревар, имавме проблем да се кренеме. Мислевме дека работата е завршена бидејќи позначаен беше натпреварот против Норвешка кои имаа 2-0 кога дојдоа тука, додека Данска дојде со три порази.
-Бевме под притисок, тие погодуваа тешки шутеви што не беше карактеристично за нив на натпреварите од досегашниот циклус. Имавме проблеми под кошевите, ама некако се вративме иако не одеше ништо во наша полза, а тие имаа контрола на играта.
-Благодарение на навивачите успеавме да се вратиме. Тука бев две ипол години и можам да кажам дека денеска публиката беше најжешка.
-Овој натпревар вечерва покажа дека бевме потврди во одбраната, но имавме проблеми во нападот. Шортс е играч кој може да креира ситуација од непостоечки шанси. Шутираше, разигруваше, има пет украдени топки, мотор на екипата како што може и да се забележи од неговиот клупски ангажман. Ти Џеј е скромно момче кој феноменално се вклопи во нашиот тим, – изјави Јончевски.
-
АТПпред 19 часа
Вимблдон ја повлече забраната за тенисерите од Русија и Белорусија
-
Италијапред 16 часа
Палјука му предлага на Интер да го продаде Онана и да ангажира конкретна замена
-
Англијапред 18 часа
Гвардиола за настапот на Халанд против Ливерпул: Животот носи ризици…
-
Англијапред 17 часа
Паратичи се повлече од функцијата во Тотенхем
-
Германијапред 21 час
Тухел за начинот на кој добил отказ од Челси: Тоа беше шок!
-
АТПпред 5 часа
Синер му се реваншираше на Алкарас и го врати Ѓоковиќ на врвот
-
Италијапред 19 часа
Инѕаги отпиша тројца играчи за утрешното дерби, но е среќен поради формата на Лукаку
-
Шпанијапред 18 часа
Реал Мадрид потврди нова повреда на својот најмалерозен фудбалер