Репрезентација
Јончевски пред дуелот со Данска: Не треба да не залажува победата на гостински терен, кикс ќе не врати…

Македонската селекција успешно го заврши првиот тест во претквалификациите за Европското првенство, односно беше совладана селекцијата на Норвешка и сега целиот фокус е насочен кон битката со Данска.
Средбата се игра утре од 19.часот во салата „26.април“ во Гевгелија, а целта е да се забележи триумф со кој ќе останеме 100 процентни и со тоа направиме голем исчекор кон пласманот во наредната фаза. Ние на првата средба славевме тешко со чудесната тројка на Ненад Димитријевиќ, па затоа селекторот Александар Јончевски е претпазлив и бара од неговите момци да бидат многу внимателни на овој натпревар.
-Очекувам цврста игра против Данска и не треба да нè залажува фактот дека ги победивме на гостински терен. Разговаравме со момците, ни требаат свежи глави за да ја завршиме втората третина од овој циклус. Било каков кикс ќе не врати подолу. Во овие неколку денови се подготвуваме доволно и ветувам исто добра игра како и онаа против репрезентацијата на Норвешка.
-Не гледам некој изразит фаворит во овие четири селекции кои се во нашата група. Ќе ги анализираме Данците максимално, и исто така подготвени ќе се обидеме да бидеме максимално успешни и воовој ноемвриски ‘прозорец’ на ФИБА,-порача Јончевски.
-
Балканпред 24 часа
Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е прениска
-
АТПпред 18 часа
Вимблдон ја повлече забраната за тенисерите од Русија и Белорусија
-
Италијапред 15 часа
Палјука му предлага на Интер да го продаде Онана и да ангажира конкретна замена
-
Францијапред 23 часа
Евра со две реченици објасни зошто ПСЖ никогаш нема да ја освои титулата во ЛШ
-
Англијапред 16 часа
Паратичи се повлече од функцијата во Тотенхем
-
Германијапред 20 часа
Тухел за начинот на кој добил отказ од Челси: Тоа беше шок!
-
Англијапред 17 часа
Гвардиола за настапот на Халанд против Ливерпул: Животот носи ризици…
-
Италијапред 18 часа
Инѕаги отпиша тројца играчи за утрешното дерби, но е среќен поради формата на Лукаку