Македонија
Јончевски повика 16 кошаркари за последниот квалификациски прозорец за ЕП,

Македонија ќе го одигра последниот квалификациски прозорец во месец февруари, а на десет дена пред првиот меч, селекторот Александар Јончевски го објави прелиминарниот список.
Јончевски повика 16 кошаркари и ќе мора да го скрати списокот за четири имиња за конечната листа, при што најголемо внимание привлекува отсуството на Дамјан Стојановски кој досега беше стандареден во ростерот на репрезентацијата.
Играчот на МЗТ Скопје не е повикан за натпреварите против Естонија и Полска, но затоа неговиот брат Војдан се најде на првичниот список.
На истиот го има и Ненад Димитријевиќ кој треба да биде лидер на тимот, како и Ти-Џеј Шортс и Итан Хап, од кои само еден ќе може да се најде на завршниот список.
Меѓу 16-мината е и Андреј Јакимовски, но големо прашање е дали тој ќе биде ослободен од неговиот Колорадо.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Работнички
Дамјан Робев – Работнички
Виктор Ефремовски – Работнички
Андреј Шошкиќ – Работнички
Теодор Симиќ – Кожув
Страхил Николов – ТФТ Скопје
Ненад Димитријевиќ – Олимпиа Милано
Лејсон Зеќири – Башкими
Андреј Јакимовски – Колорадо
Итан Хап – Валенсија
Ти Џеј Шортс – Парис Баскетбалл
-
Формула 114 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија24 часа
Торино и Елмас се израдуваа на уште една победа во Серија А (ВИДЕО)
-
Италија23 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија14 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија10 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија8 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства9 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)