Поврзете се со нас

Европски првенства

Јончевски: Негативата од пет поени ни дава надеж за реваншот

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација не успеа да ја победи Естонија на домашен терен на почетокот на квалификациите за ЕП, со што пропушти шанса да ја искористи атмосферата во полната сала во СРЦ „Кале“ за важен успех против најголемиот ривал во групата.

Селекторот Александар Јончевски е разочаран од резултатот, но смета дека и натаму постојат шанси да се возврати на гостувањето против истиот противник.

– Имавме многу добро прво полувреме, го контролиравме мечот, но на стартот од третата четвртина го свртеа резултатот во своја полза со цврста одбрана и многу контакт во одбраната. Со офанзивните скокови ни создадоа проблеми, ги контролираа и своите промашувања добивајќи втора шанса.

– Им реков на момците, покажаа одлична енергија, воопшто не беше како претходниот дуел со Естонија на нивни терен.

– Негативата од пет поени ни дава надеж дека се уште имаме шанси да се вратиме, тоа не е преголема разлика, особено ако се знае дека следниот февруари во тимот ќе го имаме и Андреј Јакимовски, кој одлично напредува во Вашингтон Стејт и е еден од главните играчи во својата екипа“ – истакна македонскиот селектор на прес-конференцијата по натпреварот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни