Поврзете се со нас

Репрезентација

Јончевски направи конечен рез: Шортс нема да игра против Литванија, Димитријевиќ остана на списокот

Објавено

на

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска ќе ги стартува подготовките за престојниот ФИБА „прозорец“ кој следи, односно двомечот против Литванија на домашен и гостински терен како дел од квалификациите за Евробаскетот.

Македонија ќе го одигра првиот меч со Литванија на 21-ви октомври, три дена подоцна ќе игра во Вилнус, а денеска стана познато на кои кошаркари ќе смета селекторот за претстојните предизвици.

Александар Јончевски направи рез и ги селектираше 16-те кошаркари на кои ќе смета оваа недела, со тоа што мора да се напомене дека Ненад Димитријевиќ нема да може да игра во Скопје.

Нено не доби дозвола да го напушти Милано поради мечот на Олимпија во Евролигата, но по се изгледа, Димитријевиќ ќе биде големо засилување за реваншот во Вилнус.

Од друга страна, очигледно е дека Ти-Џеј Шортс не добил ослободување од Париз за двата меча, па така натурализираниот Американец не се најде на списокот на Јончевски, на кој пак го има Итан Хап.

Список на повикани играчи:
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Робев – Работнички
Стојан Ѓуроски – Работнички
Виктор Ефремовски – Работнички
Страхил Николов – ТФТ
Бобан Стајиќ – Пелистер
Кристијан Николов – Џеди Осман академи (Турција)
Адем Мекиќ – Бора (Косово)
Лејсон Зеќири – Башкими (Косово)
Итан Хап – Валенсија (Шпанија)
Ненад Димитријевиќ – Олимпија Милано (Италија)

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни