Поврзете се со нас

Европски првенства

Јончевски: Многу важна победа, но работата не е завршена

Објавено

на

Нашата кошаркарска репрезентација успеа да ја добие битката со Словачка (79-75) и сега има два од два во претквалификациите за Европското првенство кое е на програмата во 2025 година.

Македонските репрезентативци мораа добро да се потрудат, испотат за да ги нокаутираат Словаците во СРЦ „Кале“, но на крајот успеаа да дојдат до посакувата цел и поради тоа е среќен селекторот Александар Јончевски кој притоа не заборави да потенцира дека работата, мисијата е далеку од завршена.

Пред се, ова беше многу тежок натпревар. Заморот можеби во нашата екипа повеќе се чувствуваше на стартот, затоа што имавме многу загубени топки. Нешто кое го договаравме да го спроведеме со Данска, тоа е да го минимизираме бројот на загубени топки, не успеавме. Загубивме девет топки до полувреме, тоа нè чинеше многу примени поени од транзиција и тоа не можевме да го надминеме во вториот дел.

-Им честитам на момците што во овој циклус дојдоа до две многу важни победи во ситуација во која од четири тима, само еден оди понатаму. Меѓутоа, работата не е завршена затоа што и Норвешка е со ист статус како со нас. Ни претстојат уште два тешки циклуса, -рече Јончевски и додаде:

-Што се однесува до самиот овој натпревар, Словачка без разлика што имаше загубено дома од Норвешка, влезе доста мотивирана. Погодија 46% за три поени. Пробавме да ја смениме одбраната на полувреме, нешто функцонираше, ама не во целосна слика. На крајот среќен сум затоа што победивме, триумф за кој најзаслужни се играчите,- заклучи нашиот селектор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни