Поврзете се со нас

Европски првенства

Јончевски: Кошаркарскиот талент беше на наша страна, ако бевме…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

Македонската кошаркарска репрезентација не успеа да направи изненадување и претрпе пораз од Литванија од 82:67 на средбата од третото квалификациско коло за пласман на Европското првенство.

Нашите кошаркари одиграа катастрофално во првата четвртини, па иако во продолжението беа рамноправни, а во некои моменти и подобри тоа не беше доволно да се забележи позитивен резултат на соочувањето во СРЦ Кале.

-Пред се честитки до селекцијата на Литванија за победата. Бевме премногу меки на стартот, не бевме изненадени од нивната енергија, но не одговоривме на вистински начин. Во моментот кога сфативме дека мораме да возвратиме со иста енергија, со иста борба, во второто полувреме ја променивме и одбраната, што ни даде резултат.

-Енергијата во првото полувреме беше недоволна, ако бевме 40 минути на исто ниво можеби и целокупната слика на овој натпревар ќе беше поинаква. Верувам дека кошаркарскиот талент беше на наша страна, но физичката сила и енергијата беше она што им ја донесе на Литванците оваа победа, -истакна селекторот Александар Јончевски кој се надева дека со Ненад Димитријевиќ ќе се прикажеме во подобро светло на соочувањето за три дена во Литванија.

-Верувам дека со Димитријевиќ работите ќе бидат подобри. Но ќе мораме да го смениме ставот, и да одиграме цел меч, ако сакаме подобар исход. Итан Хап дојде, неговата состојба не е подобрена. Истото важи и за Магдевски. Двајцата нема да патуваат со нас во Литванија, повредите очигледно се посериозни и тие нема да можат да ни помогнат ниту на вториот натпревар, -порача селекторот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни