Поврзете се со нас

Репрезентација

Јончевски: Имавме добра енергија, имаше ситуации од кои можеме да бидеме задоволни

Објавено

на

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација претрпе пораз од Грузија од 91-70 во третиот натпревар од квалификациите за Светското првенство.

Ние допатувавме во Тбилиси без многу играчи и без селекторот Драган Бајиќ и беше многу тешко да се дојде до позитивен резултат против искусната домашна репрезентација. Александар Јончевски кој ја водеше македонската селекција смета дека не е се така лошо со оглед на сите пехови, проблеми кои ги имаше националниот тим.

-Би сакал да и честитам на Грузија, има одлични, искусни кошаркари кои не успеавме да ги спречиме. Имавме добра енергија низ текот на мечот, но тие се премногу квалитетни за овој млад тим. Шестмина од нашите кошаркари, немаа ни една одиграна минута за репрезентацијата порано. Четворица се првпат во националниот тим. И кога на тоа ќе се додадат повредите и отсуството на селекторот Бајиќ, сметам дека имаше ситуации од кои можеме да бидеме задоволни, -порача Јончевски.

Членот на МЗТ Скопје Бојан Крстевски смета дека пресудна била агресивната одбрана на Грузијците.

-Противникот почна многу агресивно, а ние немавме одговор на агресивната одбрана. Во исто време, лесно излегуваа на крај со нашата одбрана и тоа резултираше со голем број лесни поени. Сепак, кога се ќе се земе предвид, имајќи предвид дека игравме со многу млади и неискусни кошаркари, покажавме добра енергија. Жалам што на ниеден од досегашните натпревари не бевме комплетни бидејќи имаме одлични кошаркари кои можат да ја носат оваа репрезентација, -истакна Крстевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни