Репрезентација
Јончевски: Греота е да не го искористиме овој позитивен скор, бркаме најмалку една победа
Македонската кошаркарска репрезентација има нови предизвици во претквалификациите за Евробаскетот кој е закажан за 2025 година.
Ние имаме перфектни четири од четири во групата Д, но се уште ја немаме завршено задачата, поточно тоа ќе треба да го направиме против Словачка или Норвешка, две средби кои ги играме на гостински терен.
Првата шанса е пресметката со Словаците закажана за в четврток од 18 часот.
-Имаме четири бода, но еден кикс може да нè врати долу на табелата. Можеме да очекуваме тешки натпревари, бидејќи секоја селекција има свои математики. Словачка и Норвешка имаат две победи и не се предаваат, сигурно ќе играат на победа. Освен Данска, нема откажани репрезентации, сите имаат свои математики. Имаме два-три дена да се подготвиме и да видиме како ќе настапиме. Ќе видиме дали ќе промениме нешто во тактиката, бидејќи веќе одигравме два натпревари со истите репрезентации. Очекувам позитивен исход, -рече селекторот Александар Јончевски и додаде:
-Победивме на домашен терен, во исклучително тежок натпревар во кој во поголемиот дел бркавме негатива, стигнавме до победа против Словачка. Научивме доста од тој натпревар како да пристапиме на возвратниот. Двете селекции имаат измени од ростерот на тој натпревар. Ние ќе ги немаме Димитријевиќ и Јакимовски, а Словаците ќе сметаат на нивниот најјдобар играч Бродзијански. Верувам дека и тие се подготвуваат за игра на победа, па ќе видиме како тактички ќе одговориме на промените. Целиме на една победа, секако дека ќе играме на две победи, но имаме позитивна енергија и греота е да не го искористиме овој позитивен скор од четири победи на стартот, -заклучи предводникот на „црвено-жолтите“.
Првата средба во Скопје ја добивме со 79-75.
Јончевски избра 12 играчи, Зеќири доби втора шанса да заигра за Македонија
-
Лига на шампионипред 16 часа
Итуралде Гонзалес за црвениот картон на Араухо: Тоа не беше ниту фаул…(ВИДЕО)
-
НБАпред 17 часа
Лејкерс закажа плејоф битка со шампионот, крај на сезоната за Голден Стејт (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 18 часа
Мбапе по големиот триумф на „Монжуик“: Сите знаат кој е мојот сон
-
АТПпред 13 часа
Алкарас: Ѓоковиќ има слаби точки, но…
-
Лига на шампионипред 15 часа
Енрике во негов стил: Ќе победевме и без црвениот картон
-
Лига на шампионипред 14 часа
Гундоган: Секој детаљ се казнува во ЛШ, подобро да примевме гол…
-
ВТАпред 11 часа
Ѓорческа ја надигра шестата носителка на силниот турнир во Копер
-
Лига на шампионипред 18 часа
Тер Штеген со сосема поинаков став од Чави за црвениот картон на Араухо