Репрезентација
Јончевски го објави првиот список како селектор на најсилната кошаркарска репрезентација
Македонија на крајот на овој месец ќе ја отвори втората фаза од претквалификациите за Евробаскетот, па како најава на тоа што ќе стартува на 25-ти, новиот селектор го објави поширокиот список на повикани играчи.
Крајот на претходната фаза донесе разделба со селекторот Бајиќ, а негов наследник е Александар Јончевски кој многу добро ги познава случувањата во најсилниот македонски тим.
Младиот стратег долги години е дел од најсилната селекција и е запознаен со квалитетот на младите играчи кои допрва треба да дојдат до израз, па токму поради тоа раководството на Федерацијата му се довери нему.
Јончевски денеска го објави првиот свој список како селектор на Македонија, кој за очекување е да биде скратен пред натпреварите со Данска и Словачка на 25-ти и 28-ми август.
Ненад Димитријевииќ и Андреј Јакимовски се дел од списокот иако неизвесно е дали ќе бидат ослободени од клубовите, а на листата е и Магдевски кој не играше минатиот месеце поради повреда.
ПОШИРОК СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
1. Бобан Стајиќ – Пелистер
2. Кристијан Николов – Torku Konyaspor B.K.
3. Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
4. Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
5. Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
6. Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром
7. Андреј Јакимовски – NCAA Washington State University
8. Марко Миловановиќ – JU.VI. Cremona Basket 1952 S.S.D. A.R.L.
9. Виктор Ефремовски – Гостивар
10. Ненад Димитријевиќ – Valencia Basket Club
11. Лука Савиќевиќ – Eastern Michigan University
12. Андреј Митревски – Феникс 2010
13. Виктор Ташовски – ТФТ Скопје
14. Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
15. Љубомир Младеновски – Пелистер
16. Теодор Симиќ – Barcelona
17. Амар Хот – МЗТ Скопје Аеродром
18. Стојан Ѓуроски – Пелистер
19. Гоце Петрушевски – Cestistica San Severo
20. Димитар Пандев – Indiana Univ Purdue Univ Indianapolis
21. Ваљмир Какруки – Работнички
22. Андреј Маслинко – ТФТ Скопје
23. Филип Бакоч – Навико Академија ФМП
24. Резарт Мемед – Aurora Basket Jesi SDA ARL
-
АТПпред 21 час
Изнуди аплаузи и овации од публиката: Синер се одбрани од сите напади, па со мајсторија го матираше противникот (ВИДЕО)
-
Англијапред 22 часа
Дилета Леота бара нов клуб за нејзиниот сакан: Нема директни летови до таму…
-
Македонијапред 20 часа
IN MEMORIAM: Роберт Пластиноски (1957-2024)
-
Светпред 12 часа
Фелипе Мело распали по Робињо и Дани Алвес: Да и го направеа тоа на мојата ќерка, сега немаше…..
-
Светпред 12 часа
Скалони: Само двајца играчи се сигурни за Копа Америка
-
Светпред 11 часа
Белингам го одобри најголемото откровение на Јунајтед: Не сакам да додавам масло во огнот, но тој има светла иднина
-
Балканпред 24 часа
Поранешен македонски репрезентативец потпиша договор со Зрињски
-
Европски првенствапред 20 часа
Лам го издвои фаворитот за титула на ЕП: Тие имаат 40 играчи кои се многу талентирани