Јокохама на Бабунски продолжи со разочарувачката серија во Џеј лигата (Видео)

yokohama-babunski

Давид Бабунски го одигра целото второ полувреме на натпреварот на кој неговиот тим Јокохама Маринос доживеа непријатен пораз на домашен терен од Саган Тосу.

Јокохама нема ниту една победа и освои само еден бод во воведните три кола од јапонската прва лига, што дефинитивно не ги исполнува очекувањата на навивачите кои можеа да го проследат првиот пораз на домашен терен во новата сезона.

Првиот гол гостите го постигнаа по големата грешка во одбраната на Јокохама, а искусниот Колумбиец Ибарбо во 57. минута од пенал донесе предност од 2:0. Јокохама пропушти неколку шанси, а намали дури во 87. минута со голот на Виеира и не успеа да избегне пораз, што е уште еден разочарувачки резултат на новиот тренер Постекоглу, кој претходно и обезбеди место на мундијалот на Австралија.

Единствената победа, Јокохама ја забележа пред три дена во Левен купот каде во рамките на групната фаза го совлада Токио со 1:0

Facebook Коментари