НБА
Јокиќ запиша трипл-дабл, Денвер има „црна мачка“ во НБА лигата (Видео)

Денвер целосно разочара во подготовките за новата сезона во НБА лигата и запиша четири порази на пет натпревари, а во тој стил ја започна и на стартот на главните возбудувања.
Со натпреварите кои се одиграа рано утрово, сите тимови во НБА одиграа барем по еден меч, со тоа што Нагетси на домашен терен беа поразени од тимот кој воопшто не им лежи во последно време.
Оклахома се претвори во „црна мачка“ за шампионот од 2023-та година, бидејќи со победата рано утрово стигна до петти триумф во низа над Никола Јокиќ и компанија (87:102).
Србинот не можеше да спречи нов пораз на својот тим, па мала утеха за него ќе биде тоа што ја отвори сезоната со трипл-дабл учинок од 16 поени, 12 скокови и 13 асистенции.
Клучни за победата на Тандерси беа Гилџес Александер со 28 и Холгрем со 25 поени, но севкупно гледано, Оклахома беше далеку подобар тим и заслужено ја запиша првата победа во сезоната.
НБА Резултати:
Вашингтон – Бостон 102:122
Далас – Сан Антонио 120:109
Денвер – Оклахома 87:102
Сакраменто – Минесота 115:117
-
Италија12 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија13 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија14 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија7 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Свет11 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП5 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија13 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Италија11 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре