НБА
Јокиќ запиша нов дабл-дабл, Денвер убедлив во дребито со Милвоки

Денвер оствари важна победа на дербито против Милвоки во НБА лигата, а до триумфот стигна со неочекувано висока разлика (129:106).
Никола Јокиќ испорача уште еден дабл-дабл, овојпат со 31 поен и 10 скокови, а лидерот на Западот ја зацврсти својата позиција на табелата по победата над најдобрата екипа во источната конференција.
Јанис Адетокумбо исто така реализирал 31 поен, но неговиот ефект немаше поголемо резултатско влијание, на дуелот на кој Мари и Портер уфрлија по 26, односно 19 поени за домашниот тим.
Феникс исто така беше преубедлив во малото дерби со Филаделфија, при што најистакнат поединец кај домашниот тим бил Букер со 29 поени. Мекси стигнал до 37 во редовите на Филаделфија, додека Ембид имал дабл-дабл со 28 поени и 10 скокови.
Њу Орлеанс издоминира на гостувањето кај Л.А Клиперс, најмногу поради блесокот на Инграм и Марфи, кои го завршиле дуелот со по 32 поени.
Резултати:
Денвер-Милвоки 129:106
Феникс-Филаделфија 125:105
Мајами-Бруклин 100:129
Сакраменто-Јута 121:113
Л.А Клиперс-Њу Орлеанс 110:131
-
Англијапред 20 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 17 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
АТПпред 10 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 21 час
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 19 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 21 час
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 12 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)