НБА
Јокиќ залудно блескаше, Макси како Ајверсон за ерупција на Филаделфија (ВИДЕО)

Актуелниот шампион, Денвер Нагетс го претрпе вториот сезонски пораз во НБА лигата и тоа на гостувањето кај Хјустон Рокетс со резултат 107:104.
Јокиќ направи се што можеше да му обезбеди позитивен резултат на неговиот тим, забележа трипл-дабл од 36 поени, 21 скок и 11 асистенции, но домаќините беа тие кои го имаа последниот збор или може да се каже дека наследникот на Србинот, Шенгун успеа севкупно да го добие овој дуел.
Шенгун често е споредуван со Јокиќ порад стилот на игра, па така Турчинот на крајот заврши со 23 поени, 8 скока и 5 асистенции. Инаку ова за Хјустон беше шеста победа во низа и со учинок 6-3 се на 4. место на Западот.
Играч на денот во НБА лигата беше Тајрис Макси од Филаделфија кој уфрли 50 кошеви со славјето на „76-ките“ над Индијана Пејсерс од 137:126. Ова беше рекордна негова партија и воедно тој стана прв плејмејкер на Филаделфија по легендарниот Ален Ајверсон (2005 година) кој успеал да уфрли 50+ кошеви на еден меч.
Tyrese Maxey's 50 points are the most in a game by a 76ers guard since Allen Iverson on December 23, 2005 against the Hawks (had 53). https://t.co/YCAy256fuO
— Matt Williams (@StatsWilliams) November 13, 2023
Голема поддршка имаше од Ембид со дабл-дабл учинок од 37 поени, 13 скока и 7 асистенции.
Ирвинг и Дончиќ пак заедно искомбинираа 65 поени, а Далас славеше на гостувањето кај Њу Орлеанс со 136-124 и се израмни со Денвер на чело на табелата во западната конференција.
РЕЗУЛТАТИ
Њујорк – Шарлот 129-107
Бруклин – Вашингтон 102-94
ЛА Клиперс – Мемфис 101-105
Филаделфија – Индијана 137-126
Сан Антонио – Мајами 113-118
Њу Орлеанс – Далас 124-136
Хјустон – Денвер 107-104
Чикаго – Детроит 119-108
Феникс – Оклахома 99-111
Голден Стејт – Минесота 110-116
ЛА Лејкерс – Портланд 116-110
-
Англијапред 15 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 14 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 13 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 14 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 16 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Италијапред 16 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 9 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Англијапред 12 часа
Легенда на Арсенал: Тен Хаг ќе заработи отказ ако загуби на следните три меча