Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ за неверојатниот кам-бек: Има еден српски збор кој не можам да ви го преведам (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Денвер беше во загубена ситуација на натпреварот против Торонто и се чинеше дека тренерот Рајаковиќ ќе најде рецепт за Никола Јокиќ и компанија, но иаго гостите водеа со 22 поени разлика, на крајот ја почувствуваа моќта на шампионот.

Нагетси не се откажаа и се вратија на крајот на третата и почетокот на четвртата четвртина, па носени од својот најдобар играч Јокиќ се погрижија за пресврт и победа од 125:119.

Англиските новинари ги интересираше како актуелните шампиони пронаоѓаат мотивација за игра и враќање кога губат со толку голема разлика, а Јокиќ го даде најдоброто интервју во разговорот за клупската телевизија на Денвер.

– Кога губите со 20 поени разлика, доаѓа до израз и гордоста. Не сакате да ве оддуваат, поготово не кога играте пред вашите играчи. Има еден српски збор кој навистина е тешко да се преведе.

– Тоа е „ИНАТ“, мислам дека нема превод за тој збор на англиски. Едноставно тоа ни се случи на полувреме, – порача Јокиќ кој во триумфот испорача 35 поени, 17 скокови и 12 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни