Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ за „НБА бомбата“: Се допишував со Дончиќ, ова е доказ дека никој не е сигурен во лигата

Објавено

на

Foto:x.com/nuggets

Никола Јокиќ испорача нов трипл-дабл во НБА лигата и му помогна на Денвер да запише нова победа, но како добар пријател на Лука Дончиќ, по натпреварот мораше да го коментира и бомбастичниот трејд, можеби и најголемиот во историјата.

Далас се откажа од својата најголема ѕвезда и го испрати Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс, а бидејќи сето ова беше направено против волја на словенечката ѕвезда, со неговиот случај добивме уште еден доказ дека НБА лигата е само еден обичен бизнис во кој ретко кога преовладуваат емоциите и лојалноста.

– Се допишував со Лука после тоа што се случи, тој не очекуваше такво нешто….. Сега мора да биде со семејството, направи голем трансфер.

– Ова е НБА, таков е нашиот бизнис. Никој не го очекуваше ова, посебно не Лука. Ова е доказ дека никој не е сигурен во лигата, но мислам дека тој ќе заврши добра работа во Лос Анџелес.

– Тој е играч за голема сцена, имаше нешто посебно во Далас, но тоа е што е, – порача Јокиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни