Поврзете се со нас

Олимписки игри

Јокиќ во најдобрата петорка на Олимписките игри, доделената МВП награда ги подели фановите (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/usabasketball

Со големото финале меѓу САД и Франција се стави крај на еден од најдобрите и највозбудливите кошаркарски турнир на Олимписките турнири во последните две децении, натпреварување кое на крајот заврши со триумф на „дрим-тимот“.

Американците ја одработија задачата откако успеаја да се „протнат“ во полуфиналето, па така вчера од почетокот до крај контролираа против „триколорите“, иако на крајот мораа да се потпрат и на магијата која ја поседува Стеф Кари.

По крајот на мечот, големите НБА ѕвезди со големо задоволство ги примија златните медали, а брзо дојде ред и за одредување на најдобрите на олимпискиот турнир.

Најдобрата петорка е сочинета од играчи кои нависитна заслужија место меѓу најдобрите, а тоа се Никола Јокиќ, Стеф Кари, ЛеБрон Џејмс, Денис Шрудер и Виктор Вембенјама.

За фановите, контроверзен е изборот за МВП наградата која заврши во рацете на ЛеБрон, признание кое многумина сметаат дека требало да заврши кај Јокиќ, или пак кај Кари кој беше убедливо најдобар играч во полуфиналето и финалето.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни