Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ со трипл-дабл за историја во НБА, Дончиќ „распали“ против стариот муштерија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/nuggets

Ѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ уште еднаш се најде во фокусот на кошаркарската јавноста, а причината за тоа е учинокот со кој се запиша во историјата на НБА лигата.

Во првата средба по кратката пауза по Ол-стар викендот во Индијанаполис, составот на Нагетс ја оправда улогата на фаворит против Вашингтон Визардс и славеше со 130:110. Домашните играчи на одличен начин ги распоредија поените, дури седумина беа двоцифрени, но партијата на Јокиќ од 21 поен, 19 скокови и 15 асистенции беше специјална.

Вашингтон беше последниот тим против кого Србинот немаше остварено трипл-дабл во НБА лигата, но сега и тоа е променето со што центарот влезе во одбрано друштво на Леброн Џејмс и Расел Вестбрук кои се единствените играчи со ваков ефект во новата ера, односно на оваа листа е само уште Морис Стоукс.

Далас Маверикс пак ја забележа седмата победа во низа која беше остварена над големиот ривал од Западот, Феникс Санс. Клубот од Тексас триумфираше со 123:123 и тоа во средба во која најрасположен беше Дончиќ со 41 поен, 9 скока и 11 асистенции.

Лука секогаш го дава најдоброто од себе кога игра против „сонцаата“, така и беше и сега со тоа што имаше огрома поддршка од Ирвинг со 29 поени.

На другата страна Букер беше автор на 35 кошеви со 8 асистенции.

Резултати:

Кавалирс – Меџик 109:116
Пејсерс – Пистонс 129:115
Филаделфија – Нујорк 96-110
Репторс – Нетс 121:93
Маверикс – Санс 123:113
Булс – Селтик 112:129
Пеликанс – Рокетс 127:105
Тандер – Клиперс 129:107
Нагетс – Визардс 130:110
Џез – Хорнетс 107:115
Вориорс – Лејкерс 128:110
Кингс – Спарс 127:122

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни