Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ со трипл-дабл го сруши шампионот, Дончиќ испиша нова страница во историјата на Далас (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Денвер Нагетс издвојува победа над Лос Анџелес Лејкерс од 128-111 во дербито на вечерва во НБА лигата.

Клубот од Колорадо се избори за славје од од 122-105, а во истото главен лик беше Никола Јокиќ со трипл-дабл учинок од 23 поени, 16 скокови и 10 асистенции. Центарто добра поддршка имаше од Мареј кој додаде 25 кошеви, додека кај актуелните шампиони Леброн реализираше 22 поени, 10 скокови и 9 асистенции.

Лоша вест за „езерџиите“ е што Ентони Дејвис се повреди при крајот на првото полувреме и потоа не се вратина паркетот, па сега се очекуваат деталните медицински прегледи кои ќе покажат колкава пауза ќе мора центарот да направи.

Во супер возбудлива пресметка Портланд како гостин го доби Далас со 121-118. Лилард во победничкиот таборт имаше дабл-дабл од 34 поени и 11 асистенции, кај Маверикс залудни беа 44 кошеви на Дончиќ.

Меѓутоа овој учинок на Лука му овозможи да испише нова историја во Далас, да стане играчот со најмногу постигнати кошеви на два мечеви, вкупно 90.

Резултати:

Шарлот – Сан Антонио 110:122
Детроит – Њу Орлеанс 123:112
Торонто – Минесота 112:116
Далас – Портланд 118:121
Оклахома – Милвоки 114:109
Феникс – Орландо 109:90
Деневер – ЛА Лејкерс 122:105
ЛА Клиперс – Кливленд 128:111
Сакраменто – Мемфис 110:124
Вашингтон-Бостон 104-91
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни