Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ со нов трипл-дабл за историја во НБА, Дончиќ со моќна партија го потврди третото место за Лејкерс на Западот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/NBAspain

Балканските ѕвезди, Никола Јокиќ и Лука Дончиќ со нови импресивни изданија одново се најдоа во центарот на вниманието на НБА лигата.

Денвер Нагетс во својот последен меч на домашен терен во регуларниот дел од сезоната славеше над Мемфис Гризлис со 117:109 и со тоа ја продолжува борбата за што подобра позиција пред почетокот на плејофот.

Најпрецизен беше Гордон со 33 поени, меѓутоа Јокиќ повторно беше број еден со партија во негов стил од 26 поени, 16 скока и 13 асистенции со што ја запечати трипл-дабл сезоната. Ова за него беше 34. ваков учинок во кампањата со што сега има трипл-дабл ефект, односно стана првиот центар кој ќе заврши кампања во вакво сезонско остварување.

Во историјата има уште двајца играчи кои ова претходно го направиле и тоа Расел Вестбрук и легендарниот Оскар Робертсон.

Лос Анџелес Лејкерс пак на крилјата на Дончиќ го доби Хјустон Рокетс со 140:109 со што официјално е обезбедено третото место во западната конференција.

Словенецот испорача 39 поени, 8 скока и 7 асистенции, најголема поддршка му беше Ривс со 23 кошеви. Кај поразените се истакна Витмор кој реализираше 34 поени.

РЕЗУЛТАТИ:

Пистонс – Бакс 119:125
Пејсерс – Меџик 115:129
Сиксерс – Хокс 110:124
Селтикс – Хорнетс 130:94
Никс – Кавалирс 102:108
Булс – Визардс 119:89
Пеликанс – Хит 104:153
Маверикс – Репторс 124:102
Нагетс – Гризлис 117:109
Тимбервулвс – Нетс 117:91
Џез – Тандер 111:145
Санс – Спарс 117:98
Блејзерс – Вориорс 86:103
Кингс – Клиперс 100:101
Лејкерс – Рокетс 140:109

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни