Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ со невидена статистика го водеше Денвер до нова победа (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ за влакно не запиша 11-ти трипл-дабл учинок оваа сезона во НБА лигата, но и покрај тоа, Србинот забележа невидена статистика на последниот меч кој го одигра за Денвер.

Нагетси остварија нов триумф на доамашен терен во дуелот со Индијана Пејсерс, а статистиката која ја имаше српскиот центар беше речиси перфектна според сите параметри.

МВП играчот од последното финале мина 32 минути на теренот и успеа да постигне 25 поени, но тоа го направи со шут за два поени 12/13. Никола имаше само едно промашување и го реализираше единственото слободно фрлање, но сосема необично беше тоа што на мечот со Пејсерси ниту еднаш не шутна за три поени што е вистински раритет.

Јокиќ беше најдобар поентер на теренот заедно со своите двајца соиграчи Мареј и Портер, кои исто како и Никола забележаа по 25 поени.

Лидерот на Денвер запиша и 12 скокови и 9 асистенции, а имаше и 2 освоени топки во победата со резултат 117:109.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни