Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ со магична асистенција ги воодушеви фановите, Гордон порача: Не смеев да…(ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/NBAspain

Денвер Нагетс успешно го реши гостувањето на Флорида кај Мајами Хит, пресметка на која оствари сигурен триумф од 20 разлика (133:113).

Иако кај домаќините се врати Џими Батлер по суспензијата, тоа не беше проблем за гостите кои со тимска игра со седум двоцифрени играчи дојдоа до 25 славје во сезоната.

Мари со 30 поени беше најефикасен, но Јокиќ одново беше во елемент со трипл-дабл од 24 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Воедно Србинот изведе и една нова магија, додавање без гледање со Гордон кој ја круниса акцијата со моќно забивање.

-Затоа е најдобар. Морав да се уверам дека ќе го погодам, не можев да „продадам“ такво додавање, -порача Гордон.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни