Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ со јасен заклучок: Сега или никогаш….

Објавено

на

Рано утрово се игра четвртиот меч од финалната серија меѓу Мајами Хит и Денвер Нагетс, меч во кој клубот од Колорадо ќе влезе со предност од 2-1.

Ова е средба од исклучително значење за двете екипи, а тоа многу добро го знае Никола Јокиќ затоа што со евентуална победа ќе дојдат на само чекор од пехарот, шампионските прстени за актуелнава 2022/2023.

-Можеби ова е, сега или никогаш. Мислам дека е многу важно да бидеме фокусирани за да си дадеме шанса да победиме, -вели Србинот кој смета дека нема простор за изнедување кога се во прашење овие екипи.

-Мислам дека не можеме да ги изненадиме, ниту пак тие да не изненадат нас. Не знам дали ќе им се врати повредениот играч, дали можеби ќе донесеме нов играч од клупата, некоја нова енергија. Ова е четврти натпревар и мислам дека нема многу изненадувања, заклучи главната ѕвезда на Нагетс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни