Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ со четврти трипл-дабл во низа, Дончиќ роденденски расположен (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

НБА програмата беше традиционално богата ова утро, па во фокусот се најдоа неколку извонредни индивидуални изданија, од кои посебно отскокнуваат оние на Јокиќ, Дончиќ и Леброн.

Српскиот кошаркар кој одново е главен фаворит за МВП титулата игра неверорјатно по одиграниот Ал Стар натпревар, па рано утрово стигна до својот четврти трипл-дабл во низа, што доволно говори како доминира на паркетите во Америка.

Денвер прилично лесно го надигра Сакраменто на домашен терен и славеше со 117:96, а вистински лидер беше Јокиќ со 14 поени, 14 скокови и 11 асистенции. Четвртиот трипл-дабл во низа доволно говори дека Јокиќ постојано игра за својот тим и не се фокусира само на поените, па така утрово најдобар во оваа статистичка колона беше Мареј со 32 поени.

Покрај Јокиќ, трипл-дабл утрово запиша и Лука Дончиќ, кој еден ден по својот роденден беше навистина расположен за игра и гостувањето во Торонто го заврши со 30 поени, 11 скокови и дури 16 асистенции.

Тоа беше клучно за победата на Далас од 125:136 на гостувањето кај Рапторси, што автоматски значеше и прекин на серијата од два порази во низа.

Што се однесува до големото дерби во Лос Анџелес, Леброн Џејмс покажа дека е неуништлив и на 39 години, па така со неверојатно издание го водеше својот Лејкерс до пресврт победа над Клиперс од 112:116.

Клиперси водеа 21 разлика на стартот на четвртиот период, но „езерџиите“ направија нестварен пресврт во кој најдобар беше Леброн со 34 поени, 6 скокови и 8 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни