Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ со брутално издание во двата правци го среди Голден Стејт, Дончиќ ја доби возбудливата пресметка со Морант (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/nuggets

Денвер продолжува по својот рецепт кој го практикува од стартот на сезоната, бидејќи после секој пораз, тимот во кој вистински лидер е Никола Јокиќ се враќа со победа на следниот меч.

Така беше и рано утрово во дербито меѓу Денвер и Голден Стејт, натпревар кој донесе огромна возбуда и осцилации на двата тима, но кој беше решен во самата завршница благодарени на Јокиќ.

Србинот се прикажа во брутално издание во двата правци (одбрана и напад), но посебно извонреден беше во последната четвртина во која постигна 15 поени, забележа клучна асистенција, но и клучна блокада за да ја одбрани предноста во последната минута.

Сето ова беше надополнето со блескава игра и во претходниот дел од теренот, па така Јокиќ победата од 119:115 ја заврши со 38 поени, 10 скокови, 6 асистенции, но и 5 украдени топки.

На спротивната страна, Стефа Кари беше најдобар поединец во Голден Стејт со 24 поени, следен од Куминга со 19 поени.

За да се одржи балканската ефикасност, ова утро се погрижи и Лука Дончиќ, кој дефинитивно изгледа максимално мотивирано по враќањето на терените. Откако постигна 36 поени против Портланд, утрово уфрли 37 во победата која неговиот Далас ја оствари над Мемфис (121:116), а интересно беше тоа што Словенецот ја доби пресметката со Џа Морант кој исто така беше феноменален со 31 поен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни