Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ се појави пред американските новинари со променет имиџ, па во лице им порача дека се досадни (Видео)

Објавено

на

Никола Јокиќ имаше напорно лето и беше дел од Олимписките игри во Париз, па новата сезона ќе ја започне со доста помал одмор од вообичаеното.

Главната ѕвезда на Денвер порачува дека е возбуден од новата сезона која следи во НБА, но затоа јасно стави до знаење дека воопшто не е фан на традиционалниот „Медиа деј“.

Со денот на новинарите обично стартуваат главните подготовки за НБА возбудувањата, а Јокиќ денеска го одработи својот јубилеен 10-ти ваков настан, пришто јасно стави до знаење дека ништо не се променило цела деценија.

– „Медиа денот“ е досаден. Секоја година е случува истото, не знам зошто воопшто го правиме ова секоја година. Секојпат е истото, се случуваат комплетно истите работи, – изјави Јокиќ, а еден новинар забележа дека го променил имиџот со пуштена брада во стилот на коза „GOAT“.

– Сакам повеќе комплименти, повеќе комплименти….. Точно е, тоа е промена на мене, но најверојатно брзо ќе се вратам во нормала, – изјави Јокиќ.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни