НБА
Јокиќ се „изгаси“ во „Медисон Сквер Гарден“, Шеј испорача нова 50+ партија во НБА лигата (ВИДЕО)

Никола Јокиќ беше непрепознатлив, а Денвер Нагетс го загуби дербито со Њујорк Никс кое рано утрово се одигра во НБА лигата.
Србинот на самиот почеток влезе во проблем со личните грешки и потоа не успеваше да влезе во посакуваниот ритам, односно севкупно гледано на крајот тој ја одигра една од најлошите партии во последниве години со 17 поени, 6 скока, 6 асистенции и 2 загубени топки.
Од друга страна пак кај домаќините кои триумфираа со 122:112, тимската игра беше во прв план, шестмина играчи беа двоцифрени, лидер беше Брансон со 30 поени и дури 15 асистенции. За Никси ова беше петта победа во серија, додека за Денвер трет пораз во низа и јасно е дека избраниците на Мелоун ќе бараат излез од мини кризата веќе на соочувањето со Филаделфија.
Шеј Гилџес Александер имаше ново блескаво издание во дресот на Оклахома Сити Тандер, нова 50+партија, меѓутоа овојпат тоа не беше доволно за позитивен резултат во Сан Франциско против Голден Стејт Вориорс.
Канаѓанецот даде 52 од 109 кошеви на својот тим, но домаќините сепак на крајот триумфираа со 116:109. Вигинс и Кари со 27 и 21 поени беа лидери кај „воините“ за кои Луни исто имаше важна улога од клупата со 18 кошеви.
Резултати:
Шарлот хорнетс – Бруклин нетс 83:104
Индијана пејсерс – Детроит пистонс 133:119
Вашингтон визардс – Торонто репторс 82:106
Бостон селтикс – Чикаго булс 122:100
Мајами хит – Кливленд кавалирс 106:126
Њујорк никс – Денвер нагетс 122:112
Филаделфија севентисиксерс – Сакраменто кингс 117:104
Њу Орлеанс пеликанс – Далас маверикс 136:137
Сан Антонио спурс – Лос Анђелес клиперс 116:128
Финикс санс – Минесота тимбервулвс 113:121
Голден Стејт вориорс – Оклахома Сити тандер 116:109
-
Лига на шампиони23 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Англија24 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони20 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Лига на шампиони9 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Италија7 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Англија9 часа
Руни ја потенцираше големата јануарска трансфер грешка на Гвардиола: Навистина чуден потег
-
Лига на шампиони19 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…