Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ сам го растури Вашингтон, Клиперс со пеколна четврта четвртина до голем пресврт за победа (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ имаше уште една МВП партија во дресот на Денвер Нагетс, овојпат во соочувањето со Вашингтон Визардс на пресметката која се одигра во американската престолнина.

Актуелниот шампион ја оправда улогата на фаворит и славеше со 113:104, а за тоа најголеми заслуги има Јокиќ кој „експлодираше“ со 42 поени на кои придодаде 12 скока, 8 асистенции, 2 украдени топки и 2 блокади.

И останатите членови на стартната петорка беа двоцифрени со тоа што нивниот учинок беше далеку помал од центарот, па така следни на листата беа Мари и Портер Џуниор со по 19 кошеви.

Лос Анџелес Клиперс пак со фантастичен пресврт во завршниот период го совлада Бруклин Нетс со 125:114. Гостите влегоа во четвртата четвртина со предност од 99:84, па на стартот од истата водеа и со 18 разлика, меѓутоа домаќините одиграа страшно во продолжението, имаа серија од 22-0 и на крајот дојдоа до 27 сезонско славје.

Харден и Вестбрук искомбинираа 47 поени, Ленард додаде 21 поен.

Резултати:
Орландо – Мајами 105:87
Вашингтон – Денвер 104:113
Хјустон – Бостон 107:116
Феникс – Индијана 117:110
ЛА Лејкерс – Портланд 134:110

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни