Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ презема одговорност и со „слатка одмазда“ му го расипа роденденот на Вембенјама (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/nuggets

Денвер успеа да му се реваншираше на Сан Антонио во период од 24 часа, а истовремено Никола Јокиќ режираше „слатка одмазда“ за Виктор Вембенјама кој претходно го доби дуелот во „Бол Арената“.

Рано утровот Нагетси славеа на гостински терен во уште еден тесен и неизвесен натпревар, кој на крајот беше решен по одиграно продолжение во Тексас.

Регуларниот дел од мечот заврши 108:108 и постоеше шанса Јокиќ повторно да биде трагичар поради промашено слободно фрлање на крајот, но наместо тоа, Србинот потоа издоминира во дополнителните пет минути и целосно ја понесе титулата играч на натпреварот.

Јокиќ го заврши мечот со 46 поени, 9 скокови и 10 асистенции, правејќи неверојатно голема разлика на мечот кој заврши 122:111 за Денвер.

Вембенјама беше далеку под својот просек од пред еден ден, па на крајот мораше да му подаде рака на даелку поискусниот кошаркар и тоа на денот кога го прослави 21-от роденден.

НБА резултати:

Бруклин – Филаделфија 94:123
Детроит – Минесота 119:105
Индијана – Феникс 126:108
Чикаго – Њујорк 139:126
Мајами – Јута 100:136
Милвоки – Портланд 102:105
Сан Антонио – Денвер 111:122пп
Голден Стејт – Мемфис 121:113
ЛА Клиперс – Атланта 131:105

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни