Јокиќ прерасна во НБА ѕвезда: Ги надигруваше ,,како од шега” противничките кошаркари (Видео)

jokic-nagets

Денвер Нагетс во еден од поинтересните натпревари одиграни доцна синоќа успеа да победи против Сан Антонио Спарс со резултат од 117:109.

Најефикасен на натпреварот беше човекот кој прерасна во вистинска НБА ѕвезда и кој на неговата адреса добива постојано пофалби за неговата игра, српскиот центар Никола Јокиќ.

Тој на натпреварот го надигра еден од најдобрите центри во НБА лигата, По Гасол и успеа да го постигне четвртиот ,,трипл дабл” сезоната со реализирани 23 поени, 13 скока и 11 асистенции. Тој успеа да избие и пред легендарниот Владе Дивац на листата на српски кошаркари со ,,трипл-дабл”.

Facebook Коментари