Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/WashWizards

Никола Јокиќ беше најдобар поединец на дуелот меѓу Денвер и Вашингтон во НБА лигата, но неговата екипа сезонава вторпат загуби (123:126) од најслабиот тим во источната конференција.

Српскиот центар реализираше 40 поени со уште еден „сомбор дабл“, односно со 13 скокови и 9 асистенции, но тоа не значеше дека Нагетс ќе се спасат од најлошото сценарио.

Во егал ситуација, Вашингтон имаше напад за победа, а Џордан Пул погоди тројка од речиси десет метри и го реши победникот на овој дуел.

Таков кикс не дозволи Оклахома Сити, која триумфираше на гостувањето кај Детроит, на натпревар на кој Шеј Гилџус-Александер уфрли дури 48 поени.

Бруклин – Бостон 113:115
Детроит – Оклахома 107:113
Милвоки – Индијана 126:119
Мемфис – Мајами 125:91
Хјустон – Чикаго 117:114
Голден Стејт – Њујојк 97:94
Сан Антонио – Њу Орлеанс 119:115
Денвер – Вашингтон 123:126

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни