Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ погоди нестварно во стилот на Лери Брд, судијата не го призна кошот (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/nuggets

Никола Јокиќ постави свој личен рекорд со 56-те поени кои ги постигна против Вашингтон, но за жал тоа не беше доволно за победа на Денвер кој игра очајно во последно време.

Индивидуалната симултанка на МВП играчот уште една покажа колку играта на Нагетси зависи од Србинот, а мора да се напомене дека 56-те поени можеа да бидат и доста повеќе.

Всушност, судијата Скот Фостер го прогласи за нерегуларен најспектакуларниот потег на натпреварот, односно одлучи дека поените не важат откако Јокиќ успеа да погоди од зад табла.

Ѕвездата на Денвер успеа да погоди иако беше под прекршок во дадената ситуација, па откако судијата му го поништи кошот, Јокиќ и Мелоун бараа објаснување од Фостер.

Овој генијален потег на Србинот дефинитивно потсети на незаборавната мајсторија на Лери Брд, кога легендата на Бостон погоди од зад табла и го режираше „најубавиот непризнат кош во НБА лигата“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни