Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ по балканското дерби со Вучевиќ: Тој е одличен, заедно играме Кантер

Објавено

на

Пресметката меѓу Чикаго Булс и Денвер Нагетс беше еден од дуелите кој ја одбележа програмата во НБА лигата, а како победници од истиот излегоа домаќините кои славеа со 109-97.

Оваа средба воедно беше интересна и поради балканските центри Никола Вучевиќ и Никола Јокиќ, асови кои со своите партии веќе подолго време се на највисоко ниво во најсилната лига на светот.

Црногорецот излезе како победник и во таа битка со оглед на тоа што даде 20 поени со 10 скока, додека Јокиќ застана на 17 кошеви, 12 скокови и 15 асистенции, трипл дабл со кој на вечната листа го мина славниот Лери Бирд.

Кари и Вигинс го „изрешетаа“ Орландо, Јокиќ го надмина легендарниот Бирд (ВИДЕО)

По завршувањето на мечот Србинот проговори за односот со ѕвездата на Чикаго и притоа откри дека заедно играат Кантер.

-Имаме одличен однос, тој е одличен играч. Не се сеќавам како всушност се запознавме, но неколку пати бев со него на Ол-стар, се дружевме. Ми помогна со некои приватни работи. Тој е тука долго време. Заедно играме „Кантер“. Тој е одличен играч, среќен сум што го видов, -рече Јокиќ кој во Чикаго имаше поддршка од доста неговиот сонародници.

-Прекрасно е да се видат знамињ, мои луѓе, дресов, да се слуша мојот јазик. Тоа е одлично чувство. Не победивме, штета е. Но, секогаш е убаво да се игра пред своите навивачи, -заклучи асот на Денвер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни